Дома Македонски спорт Мак фудбал Лига Европа: Пјуник – Вардар, анализа и предлог тип

Лига Европа: Пјуник – Вардар, анализа и предлог тип

Вардар во четврток му гостува на Пјуник во Ереван, Ерменија во квалификациите за Лигата на Европа. Се знае кој е фаворит на овој меч, но прашање е дали Вардар засилувањата ги донесе доцна и дали Бабунски успеа да ја наметне својата филозофија. Во секој случај, Вардар има квалитет да ја заврши својата работа уште во Ерменија.

Бабунски сеуште ја наметнува својата филозофија

Вардар се чини сеуште се навикнува на тактиката на Бобан Бабунски. На подготовките во Словенија се коваше тактиката за дуелите во Европа. Но според прикажаното не може да се каже дека Вардар е целосно спремен за тоа што ги чека. Вардарци во Словенија освен низ тренинзите, ја темпираа формата низ седум контролни натпревари на кои остварија две победи, три нерешени средби и два порази.  Но Бабунски на дел од натпреварите им даваше шанса на младите фудбалери, а првотимците одмараа. Сепак, на последната контрола или на генералната проба пред дуелот со Пјуник, Вардар славеше со неверојатни 6:0 против ривалот Работнички. Ако Вардар одигра на тоа ниво, може со победа да се врати од Ереван.

Вардар е послаб или посилен од минатата сезона !?


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Ако го споредиме овој Вардар, со оној кој минатата сезона играше во групната фаза во Лигата на Европа можеме слободно да заклучиме дека овој Вардар е послаб. Тоа е така поради неколку причини. Се сменија дури тројца тренери за една сезона од Седловски, до Чеде па сега до Бабунски. Но тоа не е главниот проблем. Проблем е што си заминаа клучните фудбалери, пред се од средниот ред. Освен тоа, Бабунски сега остана без Хамбурџијан, а и оние ветерани во тимот меѓу кои Бабунски и Глигоров кој беа носители на играта и команданти на својот дел од тенерот. Од друга страна, дојдоа неколку добри фудбалери. Дарко Мицевски е одличен во средината, Коста Манев има неверојатни вештини во одбраната па дури и на левата бековска позиција. Е сега кога во прашање се интернационалците тешко е од сега да се суди за нивниот квалитет, иако бразилскиот напаѓач Лира на своето деби против Работнички постигна два гола за само 30-тина минути игра.

Кој е Пјуник !?

Пјуник е славно име во Ерменија и најтрофеен тим во оваа земја. Тој е 14-кратен шампион на земјата. Досега нема направено поголем успех од второ коло во квалификациите за Лигата на шампионите и Лигата на Европа, а тоа само по себе говори за квалитетот на ерменската лига. Лани, тимот заврши дури на 5-то место на табелата. Сепак Пјуник имаше среќа што Купот го освои екипата на Газанхер која заврши пред нив на табелата па се отвори дополнително место за Пјуник да оди во Лигата на Европа. Тие минатата сезона настапија во квалификациите за Лига Европа, но доживеа елиминација од Слован Братислава. Дома загубија со 1:4, а на гости со 5:0. Кога сме кај моменталниот играчки кадар, тој е составен од „домашна“ сила, со петорица интернационалци од кои четворица се од Африка.

Целосниот текст прочитајте го на специјализираниот портал kladenje.mk

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Објавени номинациите за спортист на Македонија за 2024 година

Објавени се номинациите за спортист и спортистка на годината за 2024 година, а во трката з…