Како што е веќе познато, Лигата на шампионите од наредната сезона ќе се игра во нов формат, а ќе има и нови термини за натпреварите.
Најелитното европско натпреварување ќе го сочинуваат 36 екипи кои ќе одиграат осум натпревари во групната фаза поделени во две групи и ќе собираат бодови. Најдобрите осум од двете групи ќе продолжат во нокаут рундата.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Бидејќи ќе има поголем број натпревари УЕФА донела одлука натпреварите, место во два дена од неделата да се играат во три. Според најавите на вторник и среда, ќе биде додаден и четврток.
Официјална потврда од УЕФА за ова се уште нема, меѓутоа се очекува набрзо да пристигне.