Дома Фудбал Англија Ливерпул ќе го претстави Алкантара уште денес

Ливерпул ќе го претстави Алкантара уште денес

Ливерпул официјално ќе го објави трансферот на Тиаго Алкантара од Баерн Минхен уште денес.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


„Црвените“ вчера се договорија со Баерн и за потписот на Тиаго Алкантара ќе платат 20 милиони фунти плус 5 во форма на бонуси. Меѓутоа, таа сума ќе биде платена на 4 рати, што значи дека сега клубот од „Енфилд“ ќе издвои само 5 милиони фунти.

Плејмејкерот ќе потпише договор на 4 години и ќе биде трет најплатен фудбалер во Ливерпул веднаш после Ван Дајк и Мохамед Салах.

Денес Алкантара во Ливерпул ќе ги мине вториот дел од лекарските прегледи и се очекува до крајот на денот да биде официјално промовиран во нов играч на „црвените“.

Клоп најверојатно нема да може да го вклучи во групата за мечот со Челзи кој на програмата е во недела.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Taжен крај: Поранешен фудбалер на Борусија и Баерн ја завршува кариерата на 30 години

Поранешниот германски репрезентативец и ѕвезда на Баерн Минхен, Никлас Зуле, објави дека ќ…