Дома Трансфер зона Ливерпул ја намали цената на Ловрен, Милан спремен да ја плати

Ливерпул ја намали цената на Ловрен, Милан спремен да ја плати

Италијанските медиуми пренесуваат дека прва желба на Милан во одбраната ќе биде хрватскиот репрезентативец Дејан Ловрен.

„Росонерите“ сакаат да донесат еден искусен стопер кој ќе биде партнер на Ромањоли, а новиот директор Звонимир Бобан сака да го донесе својот сонародник на „Сан Сиро“.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Ловрен е омилен стопер на новиот спортски директор на Милан Федерико Масара кој доаѓа од Рома, а претходно и таму се обидуваше да го доведе Хрватот.

Ловрен оваа сезона го загуби местото во стартниот тим, па е спремен да ја промени средината. Првично „црвените“ му поставија цена од 25 милиони фунти, но последните информации говорат дека се спремни да го пуштат за 20 милиони евра, колку што нуди Милан.

Ловрен пред пет години дојде во Ливерпул од Саутемптон за оштета од 25 милиони евра. Во текот на сеозната 2018/2019 запиша само 14 настапи во првиот тим на Ливерпул во Премиер лигата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Се појави опција за Погба: Французинот добива нова шанса во Премиер лигата?!

Екипата на Јувентус не се одлучи да го задржи Пол Погба кој по истекот на суспензијата во …