Ливерпул е силно заинтересиран за ѕвездата на Реал Мадрид, Федерико Валверде, тврди „Ел Национал“.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
„Црвените“ и минатото лето го сакаа Уругваецот, но Реал ја одби понудата од 60 милиони евра.
Клоп е голем симпатизер на квалитетите на Валверде и го посочил како најголема желба за засилување ова лето, па Ливерпул спрема нова понуда.
„Ел Национал“ тврди дека англискиот клуб спрема понуда од 80 милиони евра плус 20 милиони евра во бонуси.
Наводно Реал сериозно ќе размисли за оваа понуда, иако желбата на „кралевите“ е да го задржат Валверде на „Сантиаго Бернабеу“.