Дома Топ вести Ливерпул спреми „стотка“ за засилување од Барселона

Ливерпул спреми „стотка“ за засилување од Барселона

dembele coutinho umtiti

Луис Суарез пред четири години, Фелипе Кутињо минатата година, се споменуваше Роберто Фирмино во блиска иднина, но сега би можеле да видиме и трансфер во спротивен правец.

Како што пренесуваат медиумите, Ливерпул е спремен да издвои 97 милиони евра за Осман Дембеле.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Францускиот фудбалер прави проблеми на „Ноу Камп“ доцни или воопшто не се појавува на тренинзите, ги прекршува правилата за ноќни излегувања, останува доцна, па не би било чудно ако Барселона се ослободи од него.

Дембеле во Барселона пристигна за 115 милиони евра во летото кога клубот го напушти Нејмар и требаше да биде замена за Бразилецот, но тој не е ниту блиску до такво нешто. Сега би можел да ја промени средината, а прв кандидат е Јирген Клоп.

Според информациите на островските медиуми Ливерпул е спремен да понуди 85 милиони фунти (97 милиони евра). Новинарите во Англија наведуваат две причини поради што Клоп сака да го доведе Дембеле.

Првата е неговата брзина и способноста брзо да е вклопи во напаѓачки тим, со што би им ја олеснил работата на Салах, Мане и Фирмино. Втората е титулата на која Ливерпул чека уште од 1990 година, Клоп сака да го прошири кадарот и да ја искористи сезоната во која се едни од главните фаворити.

Доколку навистина Барселона би се согласила да го продаде Дембеле за 97 милиони евра, тоа би било нов клупски рекорд во Ливерпул.

https://youtu.be/yW0YtiInUOk

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Интер се засилува со ѕвездата на Интер бесплатно

Дефанзивецот на Реал Мадрид, Начо на лето како слободен агент ќе го напушти клубот, а неко…