Дома Топ вести Ливерпул се вклучи во траката за Рабио

Ливерпул се вклучи во траката за Рабио

Ѕвездата на ПСЖ, Адриен Рабио е еден од најпосакуваните играчи на трансфер пазарот во моментов и за неговиот потпис се борат голем број на европски гиганти.

Договорот на Рабио со Пари Сент Жермен истекува на крајот на сезојата, а плејмејкерот во неколку наврати даде до знаење дека нема намера да стави потпис на нов договор.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тоа го прави уште попривлечен за европските гиганти, бидејќи на крајот на сезоната ќе биде слободен агент, а уште во јануари ќе може да потпише преддоговор со друг клуб.

Барселона, Милан и Јувентус се клубовите кои покажуваат најсилен инетрес за Французинот до моментов, но сега во траката за потписот се вклучи и Ливеропул.

Раководството на „црвените“ веќе стапило во контакт со агентите на Рабио и сакаат што е можно побрзо да постигнат договор за да ја победат конкуренцијата и да го донесат 23-годишниот плејмејкер без пари следното лето.

Сепак, медиумите тврдат дека Барселона е во пол-позиција во моментов за потписот на Рабио.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Челзи ја сака отпишаната ѕвезда на Манчестер Јунајтед

Челзи се вклучи во  трката за потписот на Мејсон Гринвуд кој оваа сезона игра на позајмица…