Дома Трансфер зона Ливерпул размислува за изненадувачка замена за Салах: Спремни се да платат 50 милиони евра?

Ливерпул размислува за изненадувачка замена за Салах: Спремни се да платат 50 милиони евра?

Се погласни се најавите дека Мохамед Салах ја игра последната сезона во дресот на Ливерпул, па така и на „Енфилд“ изгледа веќе ги разгледуваат опциите за негови наследници.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Според последните информации на дел од островските медиуми во Ливерпул имале изненадувачка идеја за наследник на Египќанецот ако тој и дефинитивно замине. Наводно, Ливерпул би можел да тргне по потписот на Украинецот од редовите на Челзи, Михајло Мудрик.

Лондонскиот тим сака да се ослободи од фудбалерот за кого во јануари 2022 година плати 70 милиони евра и според последните информации доволни би биле 50 милиони евра.

На 64 натпревари во дресот на Ливерпул, Мудрик постигна само седум гола и подели шест асистенции што е премалку во споредба со очекувањата со кои пристигна.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…