Додека повеќето клубови се натпреваруваат кои фудбалери да ги донесат во зимскиот трансфер период, Ливерпул има друга цел.
Според „Дели Мејл“ Ливерпул е заинтересиран за главнииот лекар на Арсенал, Гари Одрискол. Тој е прв избор за замена докторот Андру Маси, кој од 1-ви март ќе работи во ФИФА.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Одрискол е во Арсенал повеќе од десет години и сите клубови покажуваат респект кон него. Тој беше еден од луѓето кои не беа засегнати од „чистката“ во персоналот после заминувањето на Арсен Венгер.
Ливерпул веќе испратил понуда до докторот и е спремен да плати одредена отштета за да го донесе на „Енфилд“.