Дома Топ вести Ливерпул почна преговори за Саул Нигез

Ливерпул почна преговори за Саул Нигез

Играчот за врска на Атлетико Мадрид, Саул Нигез го притиска раководството да го пуштат да направи трансфер ова лето.

26-годишниот Шпанец веќе подолго време е трансферна цел на „црвените ѓаволи“ кои минатата година направија конкретен обид да го донесат на „Олд Трафорд“.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Меѓутоа, сега во трката за потписот сериозно се вклучи Ливерпул, кој веќе спремил понуда за Саул Нигез.

Клоп е во потрага по квалитетен играч за врска и е спремен да понуди 40 милиони фунти за потписот на Саул Нигез.

Атлетико е спремен да му ја исполни желбата на Саул Нигез, но за неговата слобода бара помеѓу 50 и 60 милиони евра, па се очекува двата клуба наскоро да седнат на преговарачка маса.

Англиските медиуми се оптимисти дека двете страни ќе го договорат трансферот, со оглед на фактот што Атлетико има финансиски проблеми и ќе мора да ја наполни касата со продажбата на Саул Нигез.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

ПСЖ го сака Де Јонг, Барса ја одреди цената

Френки Де Јонг би можел да биде еден од играчите кои би можеле да ја наполнат касата на Ба…