Медиумите во Франција пренесуваат дека ѕвездата на Лион, Набил Фекир е пред трансфер во редовите на Ливерпул.
Француската ТВ станица, „Канал плус“ денес потврди дека трансферот е 99% комплетиран и дека остануваат уште мали детали.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
24-годишниот Фекир одигра фантастична сезона за Лион и го привлече вниманието на многу европски гиганти, но Ливерпул ја победи конкуренцијата, а трансферот би требало да изнсува околу 60 милиони фунти.
Клоп смета дека Фекир ќе биде идеална замена за Кутињо, па без сомнеж додатно ќе го засили офанзивниот дел од тимот.