Како гром од ведро небо, арапскиот „Sky News“ објави дека Јувентус сака да го доведе фудбалерот на Ливерпул, Мохамед Салах.
Италијанците очигледно се во вистинската насока за да обезбедат пари, а „Tuttosport“ наведува дека во големата трампба би можеле да ја „убијат“ цената на фудбалерот на „Црвените“. Јуве е подготвен да го жртвува Паоло Диабала кој од доаѓањето на Роналдо не игра како што се очекува од него, па ниту тимот не зависи толку од Аргентинецот како на пример минатата сезона.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Дијамантот“ постигна само два гола во 20 настапи во Серија А што не се бројки за пофалба, но неговата цена и понатаму е висока. Од другата страна, „Corriere dello Sport“ наведува дека директорот на Манчестер Сити бил на трибините на „Олимпико“ кога Јувентус играше против Лацио.