Дома Трансфер зона Ливерпул за него нудеше 50 милиони евра, а тој ги одби – сега моли да го доведат!

Ливерпул за него нудеше 50 милиони евра, а тој ги одби – сега моли да го доведат!

Шпанскиот фудбалер Мартин Зубаменди ова лето имаше понуда од Ливерпул, но истата ја одби и одлучи да остане во Реал Сосиедад. Но, според последните информации сега се кае и повторно го контактирал клубот од „Енфилд“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Зубиаменди го сврте вниманието на себе со одличните настапи во дресот на Сосиедад минатата сезона, а беше и одличен за Шпанија на Европското првенство Германија.

Ливерпул за неговите услуги во текот на летото нудеше 50 милиони евра и изгледаше дека трансферот ќе се заврши.

Меѓутоа шпанскиот дефанзивец изненади кога им порачал дека нема да ја прифати понудата и ќе остане во Сосиедад затоа што смета дека тоа е најдобра одлука за него во овој момент од кариерата.

Зубиаменди сега смета дека сепак погрешил. Клубот од „Сан Себастијан“ очајно ја отвори сезоната и по шест натпревари има само една победа и четири освоени бодови, па во таква ситуација тој го обновил контактот со надеж дека Ливерпул во јануари би се одлучил да го доведе.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…