Ливерпул внимателно ја следи ситуацијата со дефанзивецот на Челзи, Антонио Рудигер.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
28-годишниот дефанзивец влезе во последната година од договорот со Челзи, а двете страни се далеку од договор во моментов.




„Сините“ сакаат да го задржат, но Рудигер има високи финансиски барања, па преговорите не течат во добра насока.




Ситуацијата ја следат неколку европски гиганти, а последните информации од Островот се дека Ливерпул е спремен да ја победи конкуренцијата.




Британски „Експрес“ тврди дека Ливерпул веќе преговара со агентот на Германецот, а Клоп имал разговор со дефанзивецот да го убеди да се пресели на „Енфилд“.