Јирген Клоп и покрај послабиот почеток на сезоната, ја има поддршката на раководството на „црвените“. Медиумите пренесуваат дека Ливерпул го договорил и првото засилување во јануарскиот преоден рок.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Според информациите на англиските медиуми првото засилување за Клоп ќе биде од германската Бундеслига. Фудбалерот на Лајпциг, Конрад Лајмер кој се поврзуваше и со Баерн наводно постигнал договор со Ливерпул.




Неговиот договор со Лајпциг истекува летото 2023 година и ова би бил одличен момент да го продадат на некого ако сакаат добро да заработат.




Информациите се дека Ливерпул има договор со Лајмер и тој во јануари ќе потпише за Ливерпул. Треба да се знае дека Лајмер во овој момент е повреден и до јануари треба да се опорави со што би бил спремен за вториот дел од сезоната.



