Дома Останати Кошарка Лејкерси и Леброн до победа во драматичен натпревар, Денвер започна да реди порази (ВИДЕО)

Лејкерси и Леброн до победа во драматичен натпревар, Денвер започна да реди порази (ВИДЕО)

lakersi

Изминатата вечер во НБА лигата беа одиграни пет натпревари.

Денвер одлично ја отвори сезоната и во првите 10 натпревари стигнаа до девет победи, но поради долгата сезона, формата на сите клубови е променлива. Сега нанижаа три порази, последниот беше од Милвоки со 121:114.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Милвоки заедно со Денвер се најпријатните изненадувања, ова им беше 10-та победа во 13-тиот натпревар и се наоѓаат на втората позиција на истокот. Брук Лопез беше најдобар во победничкиот тим. Постигна 28 поени, погоди и осум тројки со што си постави рекорд во кариерата.

Во редовите на Денвер најрасположен беше Милисап со 25 поени, шест асистенции и осум скокови. Никола Јокиќ повторно имаше солиден настап со 20 постигнати поени и по шест асистенции и скокови.

https://www.youtube.com/watch?v=Mem1_WQ94mo

Лос Анџелес Лејкерси одиграа уште еден напнат натпревар, овој пат против Атланта, но за промена сега драмата имаше среќен крај за нив. Победија благодарение на блокадата на Тајсон Чендлер при обидот за положување на Трае Јанг во последната секунда.

Најдобар кај Лејкерси беше Леброн Џејмс. Запиша 26 поени, додаде седум скокови и четири асистенции. Лејкерси сега за прв пат оваа сезона имаат повеќе победи отколку порази. Во овој момент се на скор 7:6 и се наоѓаат на осмата позиција.

НБА резултати:

Хјустон – Индијана 115:103

Њујорк Никси – Орландо 89:115

Денвер – Милвоки 114:121

Портланд – Бостон 100:94

Лејкерси – Атланта 107:106

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Без  изненадувања  во Аглија,  Манлестер Сити е шампион🎥

Манчестер Сити не дозволи изненадување  и во последото коло го победи Вест Хем со 3:1за од…