Дома Трансфер зона Летово се подготвува и шесто заминување од Реал Мадрид

Летово се подготвува и шесто заминување од Реал Мадрид

Досега во овој летен преоден рок од Реал Мадрид си заминаа вкупно пет фудбалери, а уште еден е на пат да го напушти Кралскиот клуб.

По заминувањето на Карим Бензема, Еден Азар, Марко Асенсио, Маријано Дијаз и Хесус Вале, Реал Мадрид летово ќе види уште еден играч кој заминува.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Десниот бек Алваро Одриозола (27) повеќе не е во плановите на тренерот Карло Анчелоти, па летово доби инструкции да бара друг клуб.

Иако сите индикации укажуваа на враќање на десниот бек во Реал Сосиедад, тимот од кој дојде во Реал Мадрид во 2018 година за сума од 32 милиони евра, Алваро Одризола сега е пред враќање во Серија А.

Во сезоната 2021/2022 Алваро Одриозола играше како позајмен во Фиорентина, а дали повторно ќе се врати на „Чизмата“ ќе видиме.

Сега Наполи е заинтересиран за услугите на Алваро Одризола, а шпанскиот десен бек нема ништо против за преселба во редовите на шампионот на Италија, пренесува Mundo Deportivo.

Кралевите бараат отштета за него, но постои и можност тој да замине бесплатно бидејќи немаат намера да го задржат во Мадрид.

Ќе видиме што ќе се случи на крајот и дали Одриозола ќе стане соиграч на Елмас или ќе заврши во некој друг клуб, но јасно е дека нема иднина за него во Реал Мадрид.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Манчестер Јунајтед и Арсенал го сакаат Де Кетеларе

 Манчестер Јунајтед и Арсенал покажуваат сериозен интерес за белгискиот репрезентатив…