Дома Македонски спорт „Лесно е да си тренер на Миовски, му кажуваш да даде гол и тој тоа го прави“

„Лесно е да си тренер на Миовски, му кажуваш да даде гол и тој тоа го прави“

Aбердин по лошата серија се врати во топ 6 во шкотското првенство, а еден од најзаслужните е Бојан Миовски кој повторно влегува во голгетерска форма.

Миовски вчера го постигна единствениот гол на натпреварот и донесе победа против Ливингстон (1:0). Тоа за Миовски беше петти гол во новата година и вкупно 15-ти во сезоната.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Пофални зборови за Миовски по натпреварот имаше тренерот Бери Робсон.

„Лесно е да се работи со Бојан и да се биде негов тренер. Секогаш му велам дека негова работа е да истрча и да постигнува г олови…и тој тоа го прави. Го направи и сега против Ливингстон, ова за нас беше многу важен натпревар. Ливингстон е тим кој сака со прекини да го забавува темпото на игра, а Миовски со својот гол ги исфрли од ритам“, изјави Робсон.

Со 15 постигнати гола Миовски е трет стрелец во првенството зад Фурхаши од Селтик (19) и Шанкланд од Хартс (17).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Македонија денес ги добива противниците за Светското првенство

Од 19:30 часот во Загреб денеска ракометната репрезентација на Македонија ќе ги дознае про…