Лионел Меси се најде на списокот на Лионел Скалони за наредните натпревари на Аргентина.
Аргентинците ги продолжуваат квалификациите за Светското првенство, а овој месец ги чекаат два тешки натпревари со Уругвај и Бразил. Скалони пред неколку дена го објави списокот на повикани фудбалери, на него беше и Меси иако во овој момент е повреден.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Во договорот на Меси со ПСЖ има клазула во која стои дека репрезентацијата му е приоритет и клубот не може да му забрани да оди на собирот иако е јасно дека не е 100% спремен. Спортскиот директор на ПСЖ, Леонардо јавно кажа дека не се согласуваат со тоа што Меси оди на собирот на Аргентина, за него воопшто нема смисла што Скалони го ставил на списокот.
„Не се согласуваме да пуштиме играч на собир на репрезентацијата ако не е целосно спремен. Лео е во фаза на опоравување и така ќе оди со репрезентацијата. Нема смисла што Скалони го повика, ФИФА мора ова некако да реши“, изјави Леонардо.
Меси се повреди пред десетина дена во натпреварот против Лил и ги пропушти последните два натпревари на ПСЖ.