Дома Топ вести Леонардо не може да вети дека Мбапе ќе остане во ПСЖ, објасни и зошто

Леонардо не може да вети дека Мбапе ќе остане во ПСЖ, објасни и зошто

Во овие моменти очите на фудбалската јавност се вперени кон Париз поради случувањата со Нејмар кој не се појави на припремите, а сега спортскиот директор Леонардо привлече внимание и со изјавата за Килијан Мбапе.

Леонардо претходно изјави дека клубот остварил контакти со Барселона за трансфер на Нејмар за сега да привлече внимание и со изјавата за Мбапе.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Не изгледа реално Мбапе наредната сезона да игра некаде на друго мест, меѓутоа во блиска иднина суперталентираниот тинејџер би можел во спектуларен трансфер да го напушти Париз. Ветување дека ќе го продолжи договорот со ПСЖ не можеше да даде и самиот Леонардо.

„Во овој момент не можам да ви кажам дали продолжувањето на договорот со Мбапе е приоритет на клубот. Мбапе засега е со нас и е важен за клубот и за тоа нема никој дилеми. Се врати на тренинзите и е одлично расположен. Меѓутоа јас не можам да ви ветам дека ќе го продолжи договорите. Такво ветување не можам да ви дадам поради две причини. Прво, јас сум задолжен за се во клубот, а второ не можам да зборувам на памет и да ви давам ветувања без да сум сигурен во нив“, изјави Леонардо во интервјуто за реномираниот француски медиум „Ле Паризиен“.

Засега низ медиумите Мбапе најмногу се поврзуваше со Реал Мадрид.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Арсенал ја „краде“ големата желба на Милан

Арсенал покажува сериозен интерес за ѕвездата на Болоња, Џошуа Зиркзе, пренесиваат медиуми…