Спортскиот директор на Пари Сент Жермен, Леонардо е категоричен дека Килијан Мбапе ќе остане во клубот и покрај силните шпекулации.
Во последно време се погласни се шпекулациите дека Реал Мадрид наредното лето е спремен да го сруши светскиот трансфер рекорд за Килијан Мбапе.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Шпекулациите додатно ги разгоре и Зинедин Зидан кој јавно изјави дека голема желба на самиот Мбапе е да заигра за Реал Мадрид и дека е „заљубен во него“.
„Тоа ли го кажал? Не разбрав за тоа. Единственото нешто кое што го знам е дека Мбапе 100% останува во ПСЖ. Се останато нема никакво значење“, истакна Леонардо и додаде:
„Напредуваме бавно кого е во прашање неговиот нов договор, но сепак има некаков прогрес. Сепак, не се брзаме, Килијан има уште долг договор со нас“.
ПСЖ во моментов води преговори за нов договор со Мбапе и се спремни да го направат Французинот најплатен фудбалер на светот.
? PSG sporting director Leonardo: "Mbappe will stay here, 100%.
— Goal (@goal) November 27, 2019
"He is a PSG player. The rest is the rest." pic.twitter.com/0X2HWsGjUH