Барселона испадна од Лигата на шампионите со вчерашниот пораз на гостувањето кај Баерн со 0:3 и ќе продолжи во Лига Европа.
Барселона за прв пат по 21 година не успеа да ја мине групната фаза во Лигата на шампионите, па разочарувањето беше огромно.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Сепак, очигледно не сите фудбалери се разочарани од лошите резултати, па една фотографија после мечот посебно ги налути фановите.
Имено, дефанзивецот Клемен Ленгле кој одигра 90 минути, по последниот свиреж на судијата беше фатен како се смее заедно со Левандовски.
„Ленгле ти немаш срам. Ти носиш амблем кој претставува милиони луѓе. Денес ние плачевме, не можевме да спиеме. Ти се смееш само минута после поразот. Затоа што немаш срам“, изјави познатиот новинар Жорди Жота.
A traumatised Jota Jordi speaks to camera to explain how Clement Lenglet should be forced to walk back to Barcelona from Munich. pic.twitter.com/9byxBa8vod
— El Chiringuito in English (@ElChiringuitoEN) December 9, 2021