Дома Останати Кошарка Ленард и Грин на чело од најдобрата одбранбена петорка во НБА за 2016/2017

Ленард и Грин на чело од најдобрата одбранбена петорка во НБА за 2016/2017

НБА лигата ја објави најдобрата дефанзивна петорка за сезоната 2016/2017. Тројца играчи кои се во петорката се наоѓаат и во конкуренција за најдобар дефанзивец.

Првата дефанзивна петорка во лигата ја сочинуваат играчи од пет различни екипи, а Крис Пол шест години по ред е дел од најдобарата дефанзивна петорка во лигата.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Покрај плејмејкерот на ЛА Клиперс, во петорката се уште Дрејмонд Грин (Голден Стејт), Каваи Ленард (Сан Антонио), Руди Гобер (Јута) и Патрик Беверли (Хјустон).

Грин, Ленард и Гобер се наоѓаат и во конкуренција за дефанзивец на годината.

Имињата на добитниците на наградите дефанзивец на годината и дебитант на годината, НБА, ќе ги соопшти во текот на ноќта.

МВП: Ленард (Сан Антонио), Вестбрук (Оклахома), Харден (Хјустон)
Дебитант: Шариќ (Филаделфија), Ембид (Филаделфија), Брогдон (Милвоки)
Шести играч: Гордон (Хјустон), Игудала (Голден Стејт), Вилијамс (ЛА Лејкерс)
Играч кој најмногу напредувал: Јокиќ (Денвер), Гобер (Јута), Адетокумбо (Милвоки)
Тренер на годината: Д’Ентони (Хјустон), Поповиќ (Сан Антонио), Сполстра (Мајами).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Македонија без Велковски против Хрватска и Чешка?

Репрезентативецот на Македонија, Дарко Велковски нема да настапи во неделниот натпревар за…