Вардар остана непоразен и по осум одиграни натпревари во регионалната ВРХЛ лига откако одигра реми против Будуќност (25:25).
Вардарки ја осигураа одбраната на титулата уште со победата над Крим од 32:21, а денес одиграа реми против големиот ривалот Будуќност.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Неизвесно беше до самиот крај, но Андреа Лекиќ со гол во последните секунди му донесе реми на тимот. Тимот од Подгорица ја имаше иницијативата во речиси целиот дел од натпреварот, а во финишот имаше и два гола предност 24:22.
Лекиќ и Цвијиќ погодија за израмнување, 24-24. Останаа уште 30 секунди з анапд во кои Будуќност брзо реализираше гол, а Лекиќ во последната секунда донесе реми.
Најефикасна беше токму Лекиќ со осум голови, по четири дадоа Пенезиќ и Хмирова.