Дома Македонски спорт Мак баскет Лекиќ: Гледам млад и полетен тим кој може на ЕВРО 2021!

Лекиќ: Гледам млад и полетен тим кој може на ЕВРО 2021!

Легендарниот Лазар Лечиќ важи за еден од творците на македонската кошарка, во својата кариера имал многу улоги, а беше и селектор на Македонија.

Денес Лечиќ дојде да даде поддршка пред стартот на квалификациите за Европското првенство во 2021 година.


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


Лечиќ е изненаден и верува дека имаме тим со кој можеме да се пласираме на големиот турниер.

„Навистина сум пријатно изненаден. Гледам полетен тим со млади кошаркари и млад стручен штаб. Според мене имаме одличен состав и посакувам успешно да ги започнеме квалификациите. Верувам дека кошаркарите можат да го израдуваат нашиот народ и ќе ја победат Естонија. Убеден сум дека овој тим има сила да ја оствари крајната цел, а тоа е пласман на ЕП 2021 година“, изјави Лечиќ.

Македонија во четврток на домашен терен го игра првиот натпревар во оваа квалификации, противник ќе ни биде Естонија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак баскет

Проверете

МЗТ: Не сме маалски клуб, нема да дозволиме да се шират лаги и невистини!

Екипата на МЗТ Скопје поминува низ еден тежок период, а клубот сега се огласи со соопштени…