Дома Македонски спорт Легендите на Вардар и Тетекс ќе играат во чест на Саздо

Легендите на Вардар и Тетекс ќе играат во чест на Саздо

Вечерва најтрофејниот македонски клуб Вардар и Тетекс чии навивачки групи „Комити“ и „Војводи“ се збратимени ќе играат ревијален натпревар во чест на младиот навивач Никола Саздовски – Саздо.

Саздо беше претепан и y6иен од навивачи на Шкупи во скопската Автокоманда. Навивачките групи сега организираат натпревар во негова чест со легендите на двата клуба.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Натпреварот ќе се игра од 19:00 часот на теренот ов Ракотинци, близу општината Сопиште.

Ѕвездите за ѕвездата !
Големи фудбалски имиња повторно ќе ја облечат опремата која долго време не им е извадена од плакарите и фиоките.

Не беше воопшто тешко да ги натераме да дојдат и повторно да истрчаат на теренот, за 5 годишната комеморација на еден од нас, кој беше секогаш тука за нив, и не го штедеше гласот и дланките, не жалеше ниту време ниту средства.

СО СРЦЕ ЗА САЗДО !
Како што тој беше со срцето за Вардар. Но беше и за Тетекс и Тетово. И токму тие два клуба кои му беа при срцето, со своите големи фудбалски имиња и славно минато, повторно ќе блеснат, за да ја осветлат ѕвездата. Да и подарат светлина која вечно ќе свети над нашето небо !

Дојдете во Ракотинци, бидете дел од ова ѕвездено соединување. Бидете ѕвездената прашина која ќе даде дополнителен сјај, и ќе го направи соѕвездието поубаво. Бидете дел од приказната во која Саздо веруваше до својот последен здив. Бидете дел од ова посебно Братско Дерби, кое не враќа во едно минато, кога почитта беше дел од спортскиот кодекс. Кога солидарноста беше нормална појава.

Дојдете да направиме спој на минатото и сегашноста, за сите барем за момент ја повикаме неговата душа, за да види дека не се само празни зборови кога му велиме: САЗДО НЕ ТЕ ЗАБОРАВАМЕ ❗️🖤❗️
Ѕвездите ќе блеснат за САЗДО точно во 19:47 ❗️ Знаеме и зошто баш тогаш…
📅 Петок, 26.08
🏟 Терен во Ракотинци.
Бидете таму од 19:00ч.

САЗДО ЖИВЕЕ !

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Челзи никогаш во историјата не примил повеќе голови во Премиер лигата

Eкипата на Челзи вчера претрпе тежок пораз од 5:0 против Арсенал и тоа за „топџиите“ беше …