Италијанскиот тенисер Енрико Бекузи има голем сон, а тоа е барем еднаш да се појави на АТП листата, но има голем проблем – никогаш не победува!
Тој веќе 26 години се обидува да дојде до место на АТП листата. До сега изгубил 270 мечеви, но не сака да се откаже. Последниот го одигра во Турција каде што во пар со тенисерот Емир Сандоган во двојки изгуби од рускиот пар Панин – Зубров. Од тогаш не играл поради коронавирусот, но чека за да ја продолжи својата битка.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Доцна почнав да тренирам, кога имав девет години. Татко ми даде рекет и ме однесе на ѕидот од куќата за да го удирам топчето. Од тој момент се заљубив во тенисот и растев гледајќи ги Мекинро, Вилдер…Тенисот е моја страст почнав да играм кога имав 21 година, ми викаа дека сум „стар“, но не ми беше гајле. И сега немам намера да се откажам целта ми е – една победа. Само една“, изјави Италијанецот.
Бекузи засега има само порази, па се надева дека некогаш ќе победи и ќе го прочита своето име на АТП листата.