Италијанската легенда се врати во клубот и ќе му биде помошник на Маурицио Сари.
Поранешниот фудбалер на лондонскиот клуб, Џанфранко Ѕола, во редовите на „сините“ помина седум години (1996-2003) и постигна 80 погодоци, сега тој ќе биде дел од стручниот штаб и ќе му помага на сонародникот Сари кој неодамна го наследи Антонио Конте.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Одлично е што се вратив во Челзи. Сакам напорно да работам, пред нас се големи предизвици, но верувам дека ќе бидеме успешни. Ќе дадам се од себе како и што тоа го правев кога бев играч“, изјави Ѕола за клупскиот сајт.
Ѕола зад себе има тренерско искуство, ја водеше кадетската репрезентација на Италија, Вест Хем, Вотфорд, Каљари, Ал-Араби и Бирмингем.