Дома Фудбал Англија Легендата на „црвените“: Манчестер Јунајтед има подобар тим од Ливерпул!

Легендата на „црвените“: Манчестер Јунајтед има подобар тим од Ливерпул!

Легендата на Ливерпул, Џејми Карагер даде интересен коментар и буквално ги шокира навивачите на својот поранешен клуб.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Ливерпул синоќа загуби два бода во трката за титулата откако одигра 1-1 против Вест Хем и сега има само 3 бода предност пред Сити.

Карагер смета дека тој резултат не е само поради притисокот за титулата, туку и поради лошото издание на некои клучни играчи.

Милнер изгледа како да не знае која му е позицијата. Кеита е многу платен, а редовно губи топки. Фирмино не личи на себе, а не видовме многу ни од Салах. Постои проблем, не во смисла на притисок туку поради повредите на различните позиции. Не ми се веруваше колку Ливерпул беше лош на последниот натпревар. Сепак, и понатаму е прв на табелата“, истакна Карагер и додаде:

„Веќе кажав дека Манчестер Јунајтед има подобар тим од Ливерпул. Можеби тоа на луѓето ќе му е чудно, но веќе ги гледаме знаците кои тоа може да го потврдат“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

ФИФА ја блокираше продажбата на билети за шест натпревари на СП 2026

Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) ги отстрани билетите за Светското првенство за н…