На крајот од сезоната се очекува Килијан Мбапе да го напушти Пари Сен Жермен и засега се освен негов трансфер во Реал Мадрид кој на големо се најавува би било изненадување.
Сепак, легендарниот Роберт Пирес има нова идеја и би сакал да го види во дресот на Ливерпул. Според Пирес, Салах би бил одличен во тандем со Мохамед Салах.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Моја желба е да го видам Мбапе во Ливерпул. Тој е одличен клуб со добра структура без тензии и лојални навивачи. Но, најважно од се мислам дека тандемот Мбапе – Салах би бил вистинска експлозија“, изјави Пирес.
Сезонава Мбапе во дресот на ПСЖ постигна 38 гола и додаде осум асистенции на 38 натпревари. Неговиот договор завршува на крајот од сезоната. Најдобрите денови од кариерата Пирес ги помина во Арсенал каде што играше од 2000 до 2006 година, а го носеше дресот уште на Мец, Марсеј, Виљареал, Астон Вила и ФК Гоа.