Дома Фудбал Англија Легендарното фудбалско име пристигнува на кормилото на англискиот великан?!

Легендарното фудбалско име пристигнува на кормилото на англискиот великан?!

Легендарниот француски интернационалец и фудбалер на Арсенал, Тиери Анри би сакал да остане во тренерските води.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Астон Вила не успеа да се пласира во Премиер лигата изминатата сезона со оглед на тоа дека во финалето од плеј-офот беше поразена од Фулам.

Многумина тогаш најавија пропаст на некогашниот европски шампион, поради големите трошоци, но спасот сепак стигна во вид на Насеф Савирис, египетскиот милијардер кој купи 55% од акциите во клубот.

Веднаш вети големи инвестиции и претстави амбициозен план за враќање во најголемиот англиски ранг.

Основата на се би бил нов менаџер, а Египќанецот фрли око на Тиери Анри, јавува Мирор.

Французинот на неодамна завршениот Мундијал во Русија беше помошник селектор на Белгија, на Роберто Мартинез и го освои третото место со тимот.

Потоа, даде отказ на коментаторското место за да се посвети на тренерската професија, а изгледа дека прво би можел да пристигне на „Вила Парк“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Дефинитивно: Капитенот на Реал Мадрид заминува!

Дани Карвахал ќе го напушти Реал Мадрид на крајот на оваа сезона. Зошто проблемот со уличн…