Дома Фудбал Останато Легендарниот фудбалер на Црвена Звезда призна: Играв два наместени натпревари!

Легендарниот фудбалер на Црвена Звезда призна: Играв два наместени натпревари!

Легендарниот фудбалер на Црвена Звезда, Миодраг Белодедиќ призна дека во кариерата играл два наместени натпревари кои морале да завршат со нерешен резултат.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Белодедиќ во два наврати ја освои Лигата на шампиони, со Звезда и Стеауа, а како член на романскиот тим одиграл два наместени натпрвари.

„Натпреварот помеѓу Стеауа и Клуж од пред многу години мораше да заврши нерешено, исто како и мечот против Бистрица. Договорено беше да нема победник. Натпреварот во тој случај почнува нормално, на почетокот играте цврсто, но ако постигнете гол мора да го пуштите противникот да израмни“, објаснува Белодедиќ.

„Постојат многу начини да пуштите гол, особено при корнери и слободни удари. Не ги напаѓате напаѓачите и ги пуштате да шутираат, а вие го кревате стапалото за да помине топката и никој нема да забележи што се случува“, додаде Белодедиќ.

Белодедиќ во текот на кариерата цели девет години го носеше дресот на Стеауа, а три сезони беше член на Црвена Звезда.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Човек да не поверува: Новинар јавно откри кој е најголемиот проблем на Реал Мадрид

Реал Мадрид и оваа сезона ќе ја заврши без трофеј и на сите им е јасно дека засилувањата к…