Дома Фудбал Останато Лев се потсети на СП во 2010: Марадона во тунелот плачеше како мало дете

Лев се потсети на СП во 2010: Марадона во тунелот плачеше како мало дете

Селекторот на фудбалската репрезентација на Германија, Јоаким Лев се потсети на четвртфиналето на Светското првенство во 2010 година и дуелот со Аргентина.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Германците се пласираа помеѓу најдобрите четири репрезентации со победа од 4:0, а после натпреварот Лев сакал да се ракува со тогашниот селектор на Аргентина, Диего Марадона.

„Отидов да се ракувам со него во тунелот. Стоеше со ќерката и плачеше како мало дете. Го потакпав по рамото, но не можеше ниту да се помрдне. Не забележа ништо, му беше повредена националната гордост“, изјави Лев.

Германија тогаш славеше со головите  на Косе (67. 89), Фридрих (74) и Милер (3), а подоцна со поразот од Шпанија и победата над Уругвај Германците завршија како третопласирани на СП во Јужна Африка.

За Марадона тоа беше последен натпревар на клупата на Аргентина.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Чуамени испрати порака по тепачката со Валверде: Ова е неприфатливо, но…

Во Реал Мадрид избувна голема внатрешна тензија по наводниот инцидент на тренинг, во кој, …