Спортскиот директор на Баер Леверкузен, Руди Фелер категирично ги демантираше информациите дека е договорен трансферот на Каи Хаверц во Челзи.
Утрово се појавија информации дека Леверкузен ја прифатил понудата од Челзи од 80+20 милиони евра и дека трансферот на Хаверц е само прашање на време.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Еминентниот „Билд“ исто така информираше дека двата клуба ги договараат последните детали од трансферот, не сега Леверкузен ги демантираше таквите наводи.
„Тоа се глупости“, кратко прокоментира Фелер за „Кикер“.
Не е тајна дека Хаверц веќе има договор со Челзи и дека двата клуба преговараат за трансфер, па останува да видиме како ќе се одвива ситуацијата после ваквата изјава.