Шпански „АС“ пренесува дека Роберт Левандовски следното лето ќе го напушти Баерн и кариерата ќе ја продолжи во Примера.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Наводно веќе Левандовски постигнал договор со Реал Мадрид и следното лето ќе се пресели на „Сантиаго Бернабеу“.
Полскиот голгетер минатата сезона го собори рекордот на Герт Милер и постигна 41 гол во Бундеслигата.
Левандовски влезе во последната година од договорот со Баерн, но не сака да ја продолжи соработката бидејќи сака да ја промени средината.
Неговиот агент Пини Захави е во одлични односи со „кралевите“ и наводно веќе постигнал договор, па Левандовски следното лето ќе се пресели во Мадрид како слободен агент.