Дома Топ вести Ленгле се правда: Не е така како што изгледа

Ленгле се правда: Не е така како што изгледа

Дефанзивецот на Барселона Клемент Ленгле предизвика бројни реакции и коментари на навивачите на овој клуб поради сцената која ја направи после поразот од Баерн и испаѓањето од Лигата на шампионите.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Ленгле после натпреварот се смееше при поздравот со Левандовски и поради тоа се најде на удар на навивачите.

После се францускиот дефанзивец се огласи и ја објасни својата постапка:

„Сакам да испратам порака до сите навивачи на Барселона. Пред се сакам да кажам дека жалам и дека сум тажен поради вчерашниот резултат затоа што клубот го заслужува најдоброто, а тоа ние не успеавме да го оствариме. Исто така, сакам да ја објаснам фотографијата на која се смеам со Левандовски. Тоа е реакција на нешто што се случи во тој момент и таа реакција не е израз на мојата емоција за резултатот“, порача Ленле.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Аларм во француската репрезентација

Во француската репрезентација се запали алармот поради здравствените проблеми на Орелиен Ч…