Роберт Левандовски повторно е најдобар стрелец во Европа.
Полскиот голгетер постигна нов гол за викендот и ја задржа предноста во однос на Чиро Имобиле со што е многу блиску до нова „Златна копачка“. Левандовски оваа сезона постигна 34 гола во Бундеслигата и има 68 поени, а втор стрелец во Европа Чиро Имобиле со 27 голови во Серија и тоа се 54 поени.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Следи Карим Бензема со 26, а на четвртото место е Охи од Црвена Звезда, но коефициентот на српското првенство е помал па тој има 49.5 поени. На петтата позиција е Мбапе со 24 гола (48 поени), а шести Душан Влаховиќ со 23 гола и 46 поени.
Се на се, тешко дека некој може да го стигне Левандовски кој има уште два натпревари во Бундеслигата.