Иако многумина сметаат дека Роберт Левандовски требаше да ја освои Златната топка претходната година, Лионел Меси стигна до ова признание седми пат во кариерата.




Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Сега полскиот напаѓач повторно зборуваше на оваа тема. Во претходниот период се појавија и изјави кои дадоа слика дека Левандовски е лут на Меси, но тоа не е така.




„Тешко е да се каже дека бев бесен ако се погледне фактот дека изборот е помеѓу мене и Лионел Меси. Од една страна станувате емотивен, вашата самодоверба уште повеќе се зголемува бидејќи, според половина од луѓето кои гласале сте биле најдобар. Другата половина сметаа дека Меси е подобр. Но ,тоа е Лео меси 12-15 години е во врвот“, изјави Левандовски.




Се обиде и сликовито да објасни.




„Тој е нешто како историско Ферари, а вие исто така се чувствувате како Ферари, само понова верзија“, објасни Левандовски.