Дома Фудбал Германија Левандовски до легендата на Баерн: Зборува глупости!

Левандовски до легендата на Баерн: Зборува глупости!

Баерн Минхен се избори за пласман во четвртфиналето на германскиот куп победувајќи ја Херта после продолженија со 3:2.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Роберт Левандовски не постигна погодок во овој натпревар, но одигра добро, учествуваше во акциите на сите три погодоци на својот тим и така одговори на критиките кои стигнаа до него во последно време.

Диетер Хаман, поранешниот фудбалер на Баерн и поранешен германски репрезнтативец неодамна изјави дека Левандовски станал проблем и терет за Баерн.

Тие зборови стигнаа и до Левандовски кој му одговори на Хаман.

„Секогаш си ја гледам својата работа. Натпреварите во купот секогаш се тешки. Победивме, тоа е најважно. Не ме интересира што не кој зборува. Тоа се празни зборови и глупости. Мислам дека тој не знае ништо кога е тактиката во прашање“, остар беше полскиот напаѓ во разговорот за „ЕСПН“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Познато кој клуб ќе го води Лампард во Премиер лигата

Френк Лампард ќе го води Ковентри и во наредните години, откако ја продолжи соработката со…