Дома Трансфер зона Левандовски добил понуда од 150 милиони евра по сезона

Левандовски добил понуда од 150 милиони евра по сезона

Полскиот напаѓач, Роберт Левандовски беше најдобар стрелец во Ла Лига и со Барселона ја освои титулата.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Левандовски постигна 23 гола на 34 првенствени натпревари, вкупно 33, а додаде и уште осум асистенции. Сега пристигнува информација од полските медиуми дека и тој добил понуда од Саудиска Арабија.

Во Саудиска Арабија од наредната сезона ќе играат повеќе големи европски имиња, но Левандовски и покрај понудата изгледа нема да биде еден од тие фудбалери.

На Левандовски му биле понудени 150 милиони евра по сезона, не се открива клубот, меѓутоа Полјакот без многу размислување кажал „не“. По заминувањето од Полска, Левандовски успешно играше за Борусија Дортмунд за која постигна 103 гола на 187 натпревари и Баерн каде што постигна 344 на 375 натпревари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…