Сагата околу иднината на Роберт Левандовски е далеку од завршена и не е сигурно дали тој и наредната сезона ќе го носи дресот на Баерн Минхен.
Кристијан Фалк, новинарот на германски „Билд“ во подкастот „Баерн Инсајдер“ изнесе интересни информации. Според неговите зборови Левандовски одбил понуди од ПСЖ и Манчестер Јунајтед.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Наводно, сега Левандовски ќе се насочи кон Барселона и ќе ја разгледа нивната понуда. Изгледа агентот на Левандовски, Пини Захави го припрема теренот за спектакуларен трансфер, а полскиот голгетер би можел да заигра во шпанската лига.
Истовремено тешко е да се разбере Баерн кој се уште не започнал преговори со полскиот напаѓач. Германските медиуми веќе пишуваа дека гигантот од Минхен кон својата легенда се однесува без почит и тоа може скапо да ги чини.
Фалк потенцира дека ако преговорите помеѓу Баерн и Левандовски дефинитивно не бидат отворени или пропаднат, тогаш Левандовски би започнал преговори со Барселона.