Дома Трансфер зона Лајпциг не попушта: Ливерпул ќе мора да чека за Кеита

Лајпциг не попушта: Ливерпул ќе мора да чека за Кеита

Одлуката е конечна и нема да ја менуваат…

Втор пат во само неколку дена Лајпциг и официјално потврди дека Наби Кеита нема да ја напушти Германија во пред крајот на актуелната сезона.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Притисокот на Ливерпул над Лајпциг да го пушти Кеита кој посебно беше зголемен по заминувањето на Фелипе Кутињо, сепак не вроди со плод.

Првобитниот договор нема да се менува, Наби Кеита ќе се пресели на „Енфилд“ во текот на летото за сума од 75 милиони евра.

„Наби Кеита е фудбалер на Лајцпиг и така и ќе остане до 30 јуни 2018 година. Сакаме да ги демантираме сите шпекулации во врска со неговата иднина кои се појавија во последниот период“, соопштија од германскиот клуб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ричарлисон: Психолог ми ја спаси кариерата

Бразилскиот напаѓач Ричарлисон откри дека имал психолошки проблеми и дека во еден момент с…