Дома Фудбал Италија Лацио обвинува: Понудата од Јуве за Кеита е срамна!

Лацио обвинува: Понудата од Јуве за Кеита е срамна!

Напаѓачот на Лацио Кеита Балде ова лето сигурно ќе го напушти римскиот клуб откако одби да го продолжи договорот.

За Кеита силен интерес покажуваат Јувентус и Интер, а медумите тврдат дека напаѓачот веќе има договор со „бјанконерите“ и преферира преселба во редовите на шампионот.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Италијанските медиуми шпекулираа дека Јувентус испратил понуда до Лацио тешка 20 милиони евра, но претсетадетелот Лотито го негораше тоа.

„Тоа не е вистина. Понудата не беше ни 15 милиони евра и тоа е навистина срамота“, изјави Лотито.

Лацио бара 25 милиони евра за неговата слобода, на Јувентус не сака да ја плати таа сума со оглед на фактот што играчот следното лето ќе биде слободен агент.

Таквата ситуација може да ја искористи Интер кој е силно заинтересиран за Кеита и е спремен да понуди 22 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Дерби на денот: Германски тест за арапските милиони

Денес во фокусот ќе биде вториот полуфинален дуел од Лигата на шампиони помеѓу Борусија До…