Во натпреварот од 10-тото коло во италијанската Серија Бреша го пречека Интер кој на крајот од однесе поебда од 1:2.
Очекувано Интер имаше тешка задача во Бреша која игра одлично после враќањето во Серија А, но сепак тимот на Антонио Конте покажа дека е подобар противник.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Првиот гол за гостите од Милано го постигна Лаутаро Мартинез и тоа со многу среќа. Лаутаро шутираше од далечина, а топката на патот до голот погоди еден играч на Бреша и го изненади голманот на домаќините.
Интер беше подобар во првите 45 минути, меѓутоа Бреша во вториот дел започна да игра многу подобра и да создава шанси. Сепак и покрај таквата игра на Бреша Лукаку во 63-тата минута погоди за 2:0.
Конечните 1:2 беа поставени во 76-тата минута со автоголот на Скриниар.
Интер барем до утре кога Јувентус го игра својот натпревар од ова коло ќе биде лидер на табелата со два бода повеќе од бранителот на тронот.