Дома Фудбал Останато Лапорт ги отвори картите: Ако вие не ме сакате, имам интересна алтернатива…

Лапорт ги отвори картите: Ако вие не ме сакате, имам интересна алтернатива…

Токму кога се простија од можноста да го добијат Емерик Лапорт и ја забораија изгубената битка со Французите, фантастичниот стопер од Атлетик Билбао повторно ја подгреа надежтта дека „Фуријата“ ќе добие соодветна замена за Серхио Рамос и Џерард Пике.

Младиот стопер од Баскија очигледно се налути на селекторот Дидие Дешан што не го вклучи и во последната акција на националниот тим, па реши да испрати некој вид на порака на раководството од францускиот фудбалски сојуз.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Играм за Атлетик, клуб кој очигледно не се почитува доволно во Франција, иако оттука играчите се насочуваат и до шпанската репрезентација. Да играм во некој друг, поголем клуб, веројатно би бил повикан“, го започна своето излагање Лапорт.

„Секако дека сакам да играм Франција, играв во сите млади селекции. Ме прави тажен тоа што не добивам повик, но морам да ги почитувам одлуките кои ги носи селекторот“.

Дешан на два пати го повика Лапорт, последен пат за мечот против Шпанија во март, меѓутоа не му пружи шанса да дебитира, што 23-годишниот дефанзивец би го врзало трајно за неговата земја и тамошниот сојуз. Затоа сега повторно се отвораат некои опции за кои се зборуваше…

„Секогаш зборував дека Франција е мојата земја. Сепак, ако таа не ме сака, постои интересна алтернатива. Моментално не размислувам за тоа, но треба да знаете дека во Шпанија сум веќе осум години. Ако се одлучам за Шпанија, тоа ќе биде исклучиво за мојот личен интерес“, порача Лапорт.

Емерик Лапорт е еден од најдобрите млади дефанзивци во Европа и во Шпанија го видоа како идеална замена за некои ветерани.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Пиоли заминува, Милан спреми список од три имиња

Tимот на Милан нема баш најдобри резултати сезонава, па поради тоа започнува да се тресе и…