Oсман Дембеле имаше прилика да потпише нов договор или во јануари да го напушти клубот.
Барселона се обиде да го продаде, интерес имаше од неколку клубови, но Французинот одби да си замине и остана во клубот.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Му понудивме нов договор и понудата беше добро. Прво ни кажа дека парите не му се проблем, па пота беа проблем сакаше повеќе. Ние направивме се што можеме. Кога ја одби понудата, му понудивме две опции за заминување, но и тие ги доби. Последната дојде од клуб од Премиер лигата меѓутоа одлучи да остане тука уште шест месеци. Таа негова одлука не е добра, ниту за нас, ниту за него“.
„Тешко ми е да го разберам. Мислам дека тој веќе има договор со новиот клуб за наредната сезона, тоа го мислам поради односот на неговиот агент. Ние ќе постапиме така како што е најдобро за Барселона“, изјави Лапорта.