Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта имаше видеообраќање во кое ги повика фановите да бидат трпеливи и да му дадат поддршка на тимот.
Барселона се наоѓа во многу тешка ситуација. Доживеа тежок пораз во ЛШ, а синоќа се спасуваше од пораз против Гранада на „Камп Ноу“.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Ве молам да продолжите да му давате поддршка на нашиот тим, бидејќи имаме потреба од сите вас. Знаете дека поминуваме низ тежок период и точно во вакви моменти треба да бидеме до нас. Бидете сигурни дека ќе се обидеме да се вратиме на победите уште на мечот со Кадис. Исто така ве молам да останете смирени и да имате трпение. Знаеме што треба да направиме во ваква ситуација и ќе ја решиме. Многу ви благодарам, да живее Барса“, изјави Лапорта.
Thank you for supporting our team, culers. I ask you to continue doing it. We know what needs to be done to solve this situation. We are Barça. pic.twitter.com/8k94CvM5CW
— Joan Laporta Estruch🎗 (@JoanLaportaFCB) September 21, 2021