Дома Трансфер зона Лапорта: Де Јонг е играч на Барселона и не е на продажба!

Лапорта: Де Јонг е играч на Барселона и не е на продажба!

Maнчестер Јунајтед долго време се обидува да го доведе Френки Де Јонг од Барселона, се пишуваше и дека двете страни се блиску до договор. Сепак како што стојат работите трансфер нема да има.

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта ја затвори вратата за можен трансфер на Де Јонг кај Ерик Тен Хаг со кого соработуваше во Ајакс.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Де Јонг е фудбалер на Барселона и се додека не сме принудени и немаме интерес тој не е на продажба. Во овој момент ние не сакаме да го продадеме“, порача Лапорта во разговорот за „Би-Би-Си“.

Претходно се пишвуаше дека и самиот фудбалер не е заинтересиран многу за заминување.

„Знаеме дека за Де Јонг има понуди и ако во некој момент сме заинтересирани да разговараме за негова продажба ќе ги разгледаме“, заврши првиот човек на Каталонците.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Крај на една ера: Марко Ројс заминува од Борусија Дортмунд!

Легендата на Борусија Дортмунд, Марко Ројс ќе си замине по завршувањето на актуелната сезо…