Првиот човек на Барселона, Жоан Лапорта денеска ги израдува навивачите на Барселона со изјавата за Нико Вилијамс.
Во медиумите се пишува дека Вилијамс е еден од приоритетите на Барселона на трансфер пазарот, но поради финансиската состојба на каталонскиот гигант се постаувваше прашањето дали Барселона има пари да го ангажира.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Лапорта сега тврди дека клубот има пари.
„Нико Вилијамс многу ми се допаѓа, меѓутоа треба да ги оставиме одговорните да си ја завршат работата. Ние работиме напорно да ги донесеме засилувањата за кои зборувавме со тренерот Ханси Флик, се надевам ќе можам наскоро да ви објавам добри вести“.
Новинарите дополнително го прашаа дали Барселона има пари за еден таков трансфер.
„Да, како резултат на она што го сработивме во изминатите години имаме“, изјави Лапорта.