Дома Трансфер зона Лапорта го направил првиот чекор за доведување на Халанд?

Лапорта го направил првиот чекор за доведување на Халанд?

Норвешкиот напаѓач Ерлинг Халанд сигурно ќе биде една од главните мети на европските гиганти во летото кое следи.

Халанд прикажува одлични настапи во дресот на Борусија Дортмунд и за многумина е еден од најдобрите напаѓачи во Европа. Во редовите на Борусија Халанд пристигна од Салзбург за 20 милиони евра, а германскиот клуб сигурно ќе заработи огромна сума ако одлучи да го продаде.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Интерес за Халанд покажаа неколку клубови, во последно време се поврзува и со Барселона. Каталонците сакаат да го доведат Халанд, но не се сигурни како ќе дојдат до него поради тешката финансиска ситуација.

Каталонскиот „Спорт“ утрово објави дека новиот претседател Жоан Лапорта го направил првиот чекор и го контактирал Мино Раиола. Детали од разговорот засега не се откриваат.

Напаѓачот е желба на Барселона, но многу ќе зависи и од цената која ќе ја постави Борусија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Готово: Барселона договори светски шампион, пристигнува бесплатно!

Според последните информации, Барселона успеала да постигне договор во летниот преоден рок…